21 лице се уапсени во големата рација на француската полиција низ јужна Франција поради трговија со коњско месо. Во месото е пронајдено дека е третирано со антибиотици и не било погодно за употреба кај луѓето.
Во 11 региони биле распределени над сто полицајци од Националната жандрмерија.
Коњското месо, кое било користено во истражувања на француската фармацевтска компанија „Санофи- Пастер“, исто така било користено во тој сиџир на трговија, а улогата на фармацевтскиот гигант засега не е јасна.
Францускиот министер за трговија, Бено Хамон, рекол дека главното прашање е безбедност на храната, а не просторот на грабежот.
-Наместо тие коњи да завршат кај трговците со стари коњи, тие завршиле во кланиците – рекол министерот Хамон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


