| четврток, 6 декември 2018 |

Две лица загинаа во експлозија на воен полигон во западна Србија

Две лица загинаа во експлозија на воен полигон на компанијата „Слобода“ во Миоковци, во западниот дел на Србија, јави РТС.

Директорот на компанијата „Слобода“, Зоран Стефановиќ, изјави дека експлозијата се случила вчера во попладневните часови и дека во инцидентот има повредени, пренесува „Танјуг“.

Според Стефановиќ, непознати лица влегле на воениот полигон, најверојатно за кражба на муниција. Телата се откриени изутринава, од вработените од прва смена. Безбедносните камери регистрирале дека на полигонот за тестирање упаднале четири лица, најверојатно за собирање секундарни сировини и дека наишле на неискористена граната.

Полигонот во Миоковци се користи за испитување воена боева муниција и експлозивни средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top