| четврток, 6 декември 2018 |

Нема, нема не ќе се роди…

Резултати од анкетата за „Македонско девојче на годината“

2013-та дефинитивно е нејзина година. Марјана Станојковска повторно убедливо победи на уште една наша анкета. Неодамна, титулата беше „најзгодна меѓу најзгодните водителки“. Овојпат, добива уште поласкава.

Според вашите гласови, убавата русокоса е жена на годината. Марјана се најде во конкуренција со уште осум македонски жени, кои според напите бројки, беа најинтересни за вас. Со повеќе од четвртина од вкупните гласови Марјана водеше пред Катарина Ивановска, Аделина Тахири, Лила Филиповска, Јелена Јованова, Тамара Тодевска, Иванна Хаџиевска, Александра Накова, Сузана Гавазова, Амернис Нокшиќи и Мелита Ракичевиќ.

Лото девојката годинава постојано беше активна во неколку телевизиски проекти. Покрај ангажманите поврзани со Државната лотарија на Македонија, најголемиот број на симпатии од публиката го доби со учеството во „Танц со ѕвездите“ каде беше фаворит до последен момент.

Марјана сними и неколку модни едиторијали, а фотографиите во ексклузивна долна облека и костими за капење со кои постојано ги гостеше своите обожаватели, беа едни од најпосетените галерии.

Разговорот со „македонското девојче на годината“ Марјана Станојковска ќе може да го прочитате во следниот број на неделникот „Република“ кој излегува во петок, 20 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top