| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се формира фонд за поддршка на лицата со инвалидност

спасов

Диме Спасов, министер за труд и социјална политика

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, денеска потпишаа меморандум за соработка со кој се уредува и вработување на лицата со инвалидност.

– Обезбедувањето поддршка е во насока на формирање посебен фонд во кој ќе се прибираат средства од страна на членките на Стопанската комора – вели Спасов.

Средствата ќе се користат за лицата со инвалидност и лицата кои се наоѓаат во социјален ризик, истакна Спасов.

Тој му се заблагодари на Азески за, како што кажа, конкретната поддршка и изразената хуманост што Стопанската комора ја дава за овие лица.

Азески рече дека Стопанската комора на Македонија како општествено одговорна бизнис заедница се вклучува и во обезбедување на социјалната заштита на работниците, со акцент на соодветна застапеност на одредени групи работници.

– Со меморандумот што денеска го потпишавме, домашните компании преку комората се вклучуваат во заедничко решавање на проблемите во насока на обезбедување адекватна поддршка на лицата со инвалидност и лицата кои се наоѓаат во социјален ризик – рече Азески.

Тој посочи дека вклучувањето на СКМ, како најголема и најбројна бизнис асоцијација во Македонија, е со цел за вработување на лицата со инвалидитет, нивно работно оспособување за практична работа за определени работи во согласност со потребите на работодавецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top