Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, денеска потпишаа меморандум за соработка со кој се уредува и вработување на лицата со инвалидност.
– Обезбедувањето поддршка е во насока на формирање посебен фонд во кој ќе се прибираат средства од страна на членките на Стопанската комора – вели Спасов.
Средствата ќе се користат за лицата со инвалидност и лицата кои се наоѓаат во социјален ризик, истакна Спасов.
Тој му се заблагодари на Азески за, како што кажа, конкретната поддршка и изразената хуманост што Стопанската комора ја дава за овие лица.
Азески рече дека Стопанската комора на Македонија како општествено одговорна бизнис заедница се вклучува и во обезбедување на социјалната заштита на работниците, со акцент на соодветна застапеност на одредени групи работници.
– Со меморандумот што денеска го потпишавме, домашните компании преку комората се вклучуваат во заедничко решавање на проблемите во насока на обезбедување адекватна поддршка на лицата со инвалидност и лицата кои се наоѓаат во социјален ризик – рече Азески.
Тој посочи дека вклучувањето на СКМ, како најголема и најбројна бизнис асоцијација во Македонија, е со цел за вработување на лицата со инвалидитет, нивно работно оспособување за практична работа за определени работи во согласност со потребите на работодавецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст