Малопродажната цена на еуросупер бс-98 се намалува за 0,50 денари за литар во однос на претходната цена, и од полноќ ќе изнесува 79,50 денари – одлучи Регулаторната комисија. Според нив, малопродажните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ се намалуваат во просек за 0,24 проценти. Малопродажните цени на еуросупер бс-95, еуродизел (Д-Е V) и екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно цената на еуросуперот бс-95 изнесува 78 денари за литар, цената на еуродизелот (Д-Е V) изнесува 70 денари за литар, додека цената на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 59 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,359 денари за килограм и со тоа цената на М-1 НС изнесува 40,733 денари за килограм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.