| четврток, 6 декември 2018 |

Ридли Скот – можен копродуцент на филмот „Убиство во Ориент експрес“

Компанијата „20 сенчури фокс“ ги откупи правата на криминалистичкиот роман на Агата Кристи „Убиство во Ориент експрес“, а режисерот Ридли Скот најверојатно ќе биде копродуцент на филмот.

Продуценти на филмот се и Сајмон Кинберг и Марк Гордон, а се бараат сценаристи за римејк на филмот.

Криминалистичкиот роман на Кристи од 1934 година го следи ликот на детективот Херкул Поаро кој истражува убиство на патник на патот од Истанбул.

Филм според романот е снимен во 1974 година, а детективот Поаро го игра Алберт Фини. Филмот освои голем број награди Оскар и БАФТА.

Ингрид Бергман за улогата во филмот освои Оскар и Бафта во категоријата за најдобра споредна женска улога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top