Денеска, на 81-годишна возраст почина холивудската легенда, Питер О’Tул, познат по улогата Лоренс од Арабија.
Питер О’Tул беше осум пати номиниран за Оскар за најдобар актер, со што стана актер со најмногу номинации кој никогаш не ја доби престижната статуетка.
Сепак, тој го доби Оскарот за животно дело во 2003 година.
Минатата година објави дека ја напушта глумата, бидејќи почуствувал дека сцената го истоштила и емоционално и финансиски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.