110-годишна баба од Италија сака својата пензија да ја донира за партијата „Форца Италија“ на милијардерот, Силвио Берлускони, јавија денеска локалните медиуми.
– Сакам да ја дадам мојата пензија од 550 евра на партијата „Форца Италија“ – рекла бабата Николина Капра за весникот „Ил темпо“.
Капра се одлучила на овој чекор откако Владата во петокот донесе одлука да ја скрати финансиската помош за политичките партии.
– Таа се гордее со Берлускони и се моли секој ден за него, бидејќи смета дека кон него системот е неправеден – рекла нејзината внука Палота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


