| четврток, 6 декември 2018 |

АФПЗРР: Секој земјоделец ќе ги добие ветените средства

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), во писмен одговор на денешното соопштение на СДСМ за наводно неисплатени земјоделски субвенци, истакнува дека исплатата на субвенции се извршува согласно законски утврдените рокови по завршување на административните контроли и контролите на самото место на секој земјоделец кој има уредно поднесено барање и кај кој не се утврдени неправилности при вршење на контролите, секој земјоделец ќе ги добие ветените средства во законски утврдените рокови.

– Исплатата на субвенции по поднесени барања во 2012 година се изврши на сите земјоделци кои ги исполнија потребните услови. Во тек е само исплатата за лицата кои доцнат со достава на валидни трансакциски сметки, се вели во одговорот од Агенцијата. Во тек е, се нагласува, и исплатата на субвенциите по поднесени барања во 2013 година, која се одвива по утврдената динамика.

– Агенцијата, како и до сега, продолжува со редовна исплата на финансиската поддршка во земјоделството и руралниот развој, како од средствата од буџетот на Република Македонија, така и од средствата на буџетот на Европската унија – се прецизира во одговорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top