Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), во писмен одговор на денешното соопштение на СДСМ за наводно неисплатени земјоделски субвенци, истакнува дека исплатата на субвенции се извршува согласно законски утврдените рокови по завршување на административните контроли и контролите на самото место на секој земјоделец кој има уредно поднесено барање и кај кој не се утврдени неправилности при вршење на контролите, секој земјоделец ќе ги добие ветените средства во законски утврдените рокови.
– Исплатата на субвенции по поднесени барања во 2012 година се изврши на сите земјоделци кои ги исполнија потребните услови. Во тек е само исплатата за лицата кои доцнат со достава на валидни трансакциски сметки, се вели во одговорот од Агенцијата. Во тек е, се нагласува, и исплатата на субвенциите по поднесени барања во 2013 година, која се одвива по утврдената динамика.
– Агенцијата, како и до сега, продолжува со редовна исплата на финансиската поддршка во земјоделството и руралниот развој, како од средствата од буџетот на Република Македонија, така и од средствата на буџетот на Европската унија – се прецизира во одговорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


