| четврток, 6 декември 2018 |

Уште се трага по 14-годишната Маја Блажевска

maja blazevska

Маја Блажевска уште не се врати дома, во охридското село Лешани. Ниту меѓународната потерница по 14-годишната Блажевска не вроди со плод. Македонското министерство за внатрешни работи (МВР) пред десет дена побара помош од сите полиции во регионот  за пронаоѓање на 14-годишната Блажеска која пред повеќе од еден месец го напушти својот дом, пишува „Охриднет“.

Како што претходно информираа медиумите, Маја избегала од својот дом, со намера да  замине кај момчето кое го запознала преку „фејсбук“. Оттогаш и се губи секаква трага.

– Во овој момент немаме за жал немаме нови релевантни  сознанија и информации каде би можела да се наоѓа и со кого, но штом ќе добиеме каква била информација прво ќе го информираме семејството. Ќе се потрудиме да го обезбедиме девојчето и да го вратиме дома – изјави Иво Котески.

Ридителите се скршени од тага и болка. Ги молат за помош сите институции – полицијата, медиумите, да им помогнат.

– Јас имам едно девојче и тоа ми е сѐ. Или девојчето да ми се јави дали е жив0 – вели Ристо Блажески татко на исчезнатата Маја.

Eден месец нема никаква трага од девојчето. Нејзиниот мобилен е недостапен, а последно бил лоциран во областа на Дебарца. Семејството  се сомнева дека таа ја напуштила државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top