| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо инспирација за суперавтомобил

Германското ателје за тјунинг на автомобили „Mansory“ објави дека ќе конструира суперавтомобил, кој ќе биде наречен според „специјалниот“ фидбалски тренер „Жозе Мурињо“. Автомобилот ќе биде развиен во соработка со компанијата „Raff House“ и ќе биде опремен со мотор од 750 КС, а кабината ќе биде изработена целосно од карбон. Исклучок ќе прават само задниот спојлер и уште некои помали делови, кои ќе бидат направени од хромиран алуминиум со „пособна нијанса“.

Секогаш сум сонувал за свој суперавтомобил, кој ќе ги комбинира во себе квалитетите на Aston Martin и Ferrari – моќен мотор и беспрекорна удобност. Се надевам дека производот на „Mansory“ и „Raff House“ ќе го претставува токму тоа, изјавил „специјалниот“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top