| четврток, 6 декември 2018 |

Првата романса во „Икс фактор“

Како и во секое шоу од ваков вид,  кандидатите го поминуваат целото време заедно, па така и во балканскиот „Икс фактор“. Симпатиите се неизбежни, па така, првиот пар во Белград се  Младен Лукиќ од групата на Жељко Јоксимовиќ и  Катарина Манојловиќ од групата на Кристина Ковач.

– Кога ја запознав, веќе не ми беше важно каде сум, и зошто сум тука. Во регрутниот камп се плашев како ќе поднесе негативен одговор од жирито, а кога излезе плачејки бев очаен. Не знаев како да и помогнам, заедно плачевме… Сепак, на крај се излезе добро и еве сега заедно снимуваме песни – расположен раскажува Младен.

1459153_716705078342534_1923409404_n

Катарина, пак, во секое нејзинот интервју го спомнува Младен не само како еден од најталентираните учесници во шоуто, туку и како најсозреан кандидат.

604x320_1712-Katarina_Manojlovic_image

Младен во „Регрутниот камп“ се искара со поранешниот учесник во „Операција Триумф“ Никола Пауновиќ, но сепак успеа да влезе помеѓу најдобрите. Катарина, пак, иако прво доби „не“ од жирито во втората фаза, сепак тие се одлучија да ја вратат во шоуто како дел од женска група.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top