| четврток, 6 декември 2018 |

Толпа струмичани се нафрлиле врз два полицајци

Вчера 14.00 часот на ул.„Климент Охридски“ во Струмица, двајца униформирани полициски службеници сопреле „опел астра“ без регистарски таблички.

Возачот прво застанал, а потоа тргнал со возилото, при што повредил еден од полицајците, удирајќи го во пределот на левата нога, по што тој и совозачот продолжиле да бегаат.

Полицијата ги стигнала на ул. „Антон Попов“, по што двете лица излегле од возилото и почнале да бегаат.

Едниот полициски службеник го фатил Ш.С. кој го управувал ПМВ „опел астра“, додека вториот го фатил сопатникот Е.А.

Веднаш потоа  поголема група жители од маалото  го нападнале полицискиот службеник удирајќи го со тупаници, а Е.А. успеал да побегне.

Веднаш е испратено засилување и ситуацијата е ставена под контрола, при што двете лица од возилото се приведени во СВР-Струмица.

Двајцата униформирани полициски службеници се здобиле со телесни повреди, констатирани во МЦ-Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top