| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца синоќа спасила три лица од смачкан автомобил

Три лица се повредени утрово околу 3 часот во тешка сообраќајка во близина на стадионот на Црвена Ѕвезда во Белград. Прва на помош им притрчала српската ѕвезда Светлана Ражнатовиќ Цеца, чија палата е веднаш до стадионот.

Сообраќајката се случила откако „фолцваген поло“ удрил во бандера покрај патот.

По силниот удар, луѓето кои живеат во околината истрчале да видат што се случило, а меѓу првите била и Цеца, која живее во непосредна близина.

Повредените, не се во животна опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top