| четврток, 6 декември 2018 |

Погребот на Мандела е утре – се очекуваат повеќе од 4.000 луѓе

Посмртните останки на поранешниот претседател на Јужна Африка и борец против апархејдот Нелсон Мандела денеска се префрлени во воздухопловната база во предградието на Преторија, Вотерклуф, каде ќе се опрости раководството на владејачкиот Африкански национален конгрес (АНК), чиј лидер беше на почетокот од 90-тите години.

Војската го предаде ковчегот со посмртните останки на АНК на свечена церемонија, која во живо беше пренесувана на јужноафриканската телевизија.

Ковчегот попладне ќе биде упатен во Куну, каде Мандела растеше и живееше по напуштањето на политиката, а таму се погребани и неговите три деца.

Се очекува на утрешниот погреб да присуствуваат околу 4.000 луѓе.

Мандела е добитник на Нобеловата награда за мир, а почина на 5 декември на 96 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top