| четврток, 6 декември 2018 |

Ресенски хакери го пробиле системот на „Анхоч компјутери“

hakerilulz_afp_625

Двајца браќа од Ресен извршиле упад во системот на позната компанија за продажба на компјутери од каде ги украле имињата на корисниците.

ПС Ресен поднесе посебен извештај против браќата Б.П.(16) и Д.П.(20) од Ресен, за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“. Во текот на 2011 година пријавените со примена на компјутерски апликации успеале да навлезат во компјутерскиот систем „Анхоч“ ДОО при што ги одзеле личните податоци на сите регистрирани корисници во системот, по што истите ги објавиле на социјални мрежи и на интернет страница. Исто така, пријавените во три наврати се обиделе да извршат нарачки од системот за продажба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top