Иако се родени под среќна ѕвезда и на прв поглед сѐ им тргнува од рака и тие се како сите обични луѓе кои боледуваат од неизлечиви болести.
Џек Озборн
Три недели откако стана татко на 26 години, му дијагностицираа мултиплекс склероза. Автоимуна болест која го напаѓа имунолошкиот систем, мозокот и коскената срцевина. Доведува го губење контрола на мускулите, видот, рамнотежата и чувстувата.
Дејвид Бекам
Бекам пати од две нарушувања – опсесивно-компулсивно нарушување и Торетов синдром. Тоа сам го соопшти кога призна дека работите мора му бидат наредени по ред и во пар. Кога е во хотел, не може да заспие додека не ја среди масичката со сите книги и листови.
Мајк Џ. Фокс
На 30 години му беше дијагностицирана Паркинсонова болест. Ја криеше осум години. Тоа е нарушување кое прогресивно расте и предизивкува тремори, потешкотии со движењето, одењето и кондицијата.
Памела Андерсон
Во 2002 година Андерсон дозна дека боледува од хепатит Ц, кој го доби од поранешниот сопруг со кого ја делела иглата за тетовирање. Хепатит Це е вирусна инфекција која нема посебно изразени симптоми, но го уништува црниот дроб и доведува до цироза. Не се лечи, но се контролира.
Меџик Џонсон
Дури 22 години минаа откако Меџик Џонсон го шокираше светот со признанието дека боледува од СИДА. За среќа, уште успешно се бори против вирусот со секојдневен коктел од лекови и на сите болни од ХИВ им дава надеж за живот и оздравување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.