
Албанската полиција претпладнево ги евакуираше вработените и присутните во заградата на Владата на Албанија поради добиена анонимна закана за поставена бомба во објектот, јави дописникот на МИА.
Полициски извори потврдуваат дека е добиен анонимен телефонски повик во кој едно лице рекло дека поставило експлозивна направа не наведувајќи го точното место.
Приремено вработените во Владата се сместени во просториите на Министерството за финансии, додека припадници на полицискиот оддел за антитероризам вршат проверка на зградата.
Полицијата го блокира поширокиот простор околку Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


