| четврток, 6 декември 2018 |

Бијонсе ги изненади сите, без најава го објави новиот албум

Популарната пејачка Бијонсе го шокираше музичкиот свет бидејќи без најава го објави долго очекуваниот петти студиски албум, а на нејзиниот Инстаграм профил објави видео во кое го најавува.

Неодамна имавме можност да чуеме само дел од песната „God Made You Beautiful“, а фановите од сега ќе можат да го купат и целиот албум за 12 евра.

Пејачката албумот го нарече „Beyonce“ и ќе мора да го купите цел, односно песните нема да можат да се купуваат одделно, бидејќи албумот доаѓа во пакет. На нејзиниот петти албум има четиринаесте песни, а како гости се појавуваат Френк Оушн, Дрејк и Џеј Зи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top