Елитната македонска филхармонија, која со дел од својот оркестар ќе биде придружба на „Архангел“, ќе биде водена од маестро Саша Николовски-Ѓумар. По двегодишно отсуство од сцената, на 20 декември, македонскиот рок-состав „Архангел“ во спортскиот центар „Борис Трајковски“, во придружба на Македонската филхармонија, ќе нѐ потсети зошто низ годините важеа за група со најдобри настапи во живо.
Во текот на својата 25-годишна кариера, овој состав има издадено 5 албуми, 4 студиски и еден во живо. На 20 декември ќе имаме ретка можност овие извонредни дела да ги слушнеме оплеменети со звуците на најелитниот музички оркестар во земјава, Македонската филхармонија предводен од диригентот чии успеси се запишуваат од Русија до Софија.
Во согласност со предизвикот, односно елитната Македонска филхармонија и Саша Николовски-Ѓумар, „Архангел“ во оваа пригода ќе се појави како шестчлена рок-формација, убедливо најмоќната во неговата долгогодишна кариера.
Влезниците за концертот можете да ги најдете по цена од: партер – 500 денари, трибина – 700, последни три реда – 600, ВИП Трибина – 1000, фанпит – 700 денари и ВИП резервација со маса – 4000 денари. Истите можете да ги најдете во Југотон, Цвеќара Розе Веро 2, Камарад Рамстор, во продажната мрежа на купи карти за се и мк.тикетс, како и на неколку локални места во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


