Македонскиот репрезенативен плеј Бо Меккејлеб имаше 15 поени и 4 скокови во новиот пораз на Фенербахче кај Макаби од 91-73, по што турскиот тим остана закован на дното со биланс 0-3. По очекуваните резултати од програмата во четврток, ЦСКА Москва и Каха Лаборал се водечки во двете групи, без загубена средба, а Панатинаикос има два триумфа во трите кола.
Од новите, денешни натпревари за нас најинтересен е тој во Блауграна во Барселона каде гостува актуелниот европски првак Олимпијакос (20.45) со нашиот центар Перо Антиќ. Двата елитни тима досега остварија по една победа и еден пораз.
ЕВРОЛИГА-3 КОЛО
Група Е
ЦСКА-БАМБЕРГ 90-83
ПАНАТИНАИКОС-УНИКАХА 78-73
ЕФЕС-АЛБА денеска
РЕАЛ М-ЖАЛГИРИС денеска
Група Ф
МАКАБИ-ФЕНЕРБАХЧЕ 91-73
КАХА ЛАБОРАЛ-БЕШИКТАШ 77-51
МОНТЕПАСКИ-ХИМКИ денеска
БАРСЕЛОНА- ОЛИМПИЈАКОС денеска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


