| четврток, 6 декември 2018 |

Меккејлеб е се подалеку од Ф-4 во Евролигата, Антиќ вечерва кај Барселона

Третиот пораз на Фенербахче му ги намали шансите за завршниот турнир, а Олимпијакос на Антиќ денеска има важен меч во Шпанија

Македонскиот репрезенативен плеј Бо Меккејлеб имаше 15 поени и 4 скокови во новиот пораз на Фенербахче кај Макаби од 91-73, по што турскиот тим остана закован на дното со биланс 0-3. По очекуваните резултати од програмата во четврток, ЦСКА Москва и Каха Лаборал се водечки во двете групи, без загубена средба, а Панатинаикос  има два триумфа во трите кола.

Од новите, денешни натпревари за нас најинтересен е тој во Блауграна во Барселона каде гостува актуелниот европски првак Олимпијакос (20.45) со нашиот центар Перо Антиќ. Двата елитни тима досега остварија по една победа и еден пораз.

ЕВРОЛИГА-3 КОЛО

Група Е

ЦСКА-БАМБЕРГ                 90-83

ПАНАТИНАИКОС-УНИКАХА      78-73

ЕФЕС-АЛБА                        денеска

РЕАЛ М-ЖАЛГИРИС        денеска

Група Ф

МАКАБИ-ФЕНЕРБАХЧЕ  91-73

КАХА ЛАБОРАЛ-БЕШИКТАШ     77-51

МОНТЕПАСКИ-ХИМКИ    денеска

БАРСЕЛОНА- ОЛИМПИЈАКОС денеска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top