Премиерот Никола Груевски на свеченоста по повод приемот на петтата генерација слушатели на почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители, изјави дека еден од приоритетите на Владата е создавање квалитетен кадар за подигнување на интегритетот и самосвеста за достојност при работата во судството.
Груевски истакна дека денешната промоција е потврда за континуираноста во напорите на Владата во градењето на профилот на судии и јавни обвинители.
-Изборот на судии и јавни обвинители се врши исклучиво од редот на оние кои ја завршиле обуката. Покажавме дека имаме политичка волја за избор на судии и обвинители од редот на најквалитетните правници кои ќе го поседуваат и неопходниот интегритет. Овие слушатели ќе бидат првата генерација по новите законски прописи – рече премиерот.
Министерот за правда, Блерим Беџети, истакна дека се зголемуваат професионалните капацитети, а како врвен приоритет и натаму останува јакнењето на независноста на судството со достигнување меѓународни стандарди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски