| четврток, 6 декември 2018 |

„Љубов“ на Тајзи е најслушаната македонска песна за 2013 година

Со 24 проценти од вкупниот број гласови и со само 10 гласа повеќе од Тамара Тодевска и нејзината „Готово е “, песната „Љубов“ на Тајзи е најслушаната македонска песна за 2013 година.

Според анкетата што ја спроведе „Република“ и на која цела недела се гласаше за девет песни одбрани од нашата редакција, првото место му припадна токму на првата солистичка песна на раперот откако тој реши да ја продолжи својата кариера сам и без неговиот долгогодишен пријател и колега Скипи.

Токму Скипи, пак, и неговата „Круг“ во која соработува со Нина Јанева, заврши на последното место на оваа анкета, но, сепак, останува една од најслушаните девет.

Од вкупно 687 гласа, Тајзи освои 167, Тамара и нејзината макфестовска песна се најдоа на второто место со 157 гласа, додека со 83 гласа на третото место се најде преработката на старата детска песничка „Боби баш ми е гајле “ на „Ај кју“.

 

[poll id=”75″]

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top