
Брендирање на домашната ракија и воведување стандарди во нејзиното производство, се плановите на фондацијата „Тиквешки вински пат“, јави Нова ТВ.
Како што е соопштено вчера во Кавадарци, проектот ќе го реализира секторот за вино при Фондацијата преку проектот „Унапредување на производството на ракија, како прв чекор во нејзиното брендирање“.
– Целта е да се истражи начинот на производство на ракија во домашни услови и да се укаже на грешките со цел нивно надминување -рече пред присутните директорката за вино во Фондацијата „Тиквешки вински пат” Дивна Јордановска.
Проектот се реализира со парична помош од Министерството за економија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


