| четврток, 6 декември 2018 |

Баталете ракија: Џинот е новиот пијалок број еден

Латвиски научници открија дека џинот го забрзува метаболизмот, терајќи го телото да согорува повеќе калории цел час откако сме го испиле коктелот, пренесе „Дејли мејл“.

Ефектот веројатно се должи на богатите со антиоксиданси плодови од смрека. Тие се природен диуретик и се многу корисни против надуеност. Смреката го намалува и воспалението на артериите.

Научниците од Универзитетот на Сигулда работеле со глувци. Метаболизмот на глодарите кои добивале редовно дози џин, се кренл за 17 проценти.

Претходното истражување од 2008 година покажа дека џин со тоник е најбезбеден алкохолен пијалок за болните од дијабетес тип 1 поради корисните ефекти на овошјето врз артериите.

Сите придобивки од џинот сепак ќе бидат неутрализирани, ако коктелот е направен со тоник со многу кинин или шеќер. За да се избегнат дополнителните калории, џинот треба да се разреди со диететски напиток, а за повеќе вкус кон него да се додаде рузмарин, босилек или резенче краставица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top