По седум сезони, продукцијата „Шоутајм“ соопшти дека популарната серија „Калифорникација“ ќе престане да се прикажува. Последната сезона од серијата составена од 12 епизоди ќе почне да се прикажува во САД во април 2014 година.
Мрежата вети дека оваа црна комедија ќе има вистински крај и дека приказните за сите ликови, вклучувајќи го и Хенк Муди (Дејвид Духовни) ќе бидат завршени.
Во последната сезона својата улога на ексцентричен глумец Еди Нер ќе ја репризира Роб Лоу, а ќе гостуваат и Роџер Ховарт и Хедер Грејам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


