| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов пак го кани Папуљас на средба

Gjorge Ivanov, President of the FYROM, was received by  José Manuel Barroso, President of the EC

Нова покана за средба со претседателот на Република Грција, Каролос Папуљас, испрати претседателот Ѓорѓе Иванов на денешната средба со новиот шеф на грчката Канцеларија за врски во Македонија Теохарис Лалакос.

– Македонија е подготвена за јакнење на меѓусебната соработка во сите сфери од заемен интерес со Грција и е отворена за средби, размена на мислења и ставови – истакнал Иванов.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот по средбата, Иванов изразил надеж дека канцелариите за врски меѓу двете земји ќе прераснат во амбасади.

– Длабоко сум убеден дека со тоа, ние како први луѓе на двете соседни земји, ќе дадеме значаен придонес во нашата заедничка визија за регионална стабилност и просперитет, како и за заедничката сегашност и иднина во големото европско и евроатлантско семејство – истакнал македонскиот претседател на средбата со Лалакос.

Иванов и Лалакос размениле мислења и за можностите за продлабочување на соработката во сферата на високото образованието, преку создавање заеднички студиски програми, размена на професори и студенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top