По посетата и политичките средби во Брисел, премиерот Никола Груевски, денеска продолжува со економска посета на Сојузна Република Германија.
Во владината делегација предводена од Груевски, покрај министерот за надворешни работи, Никола Поповски, во Берлин се и вицепремиерот, Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Бил Павлевски, како и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Виктор Мизо.
Предвидени се повеќе одвоени средби со стопанственици и потенцијални инвеститори, а централен настан е бизнис форумот што ќе се одржи вечер на кој пред стопанските комори и бизнисмени од различни сфери на германската индустрија ќе бидат претставени поволностите за инвестирање во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


