Триесет и осумгодишен норвешки државјанин е пријавен за напад на сосед, на сопругата и на неговиот дедо, а на крај тој го извлекол подебелиот крај.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.Т.(38), државјанин на Норвешка, со привремен престој во Куманово за две кривични дела насилство и загрозување на сигурноста при семејно насилство.
Во март 2012 година, во Куманово, на улица Тоде Думба, пријавениот по кратка вербална расправија со Б.Д.(41), физички го нападнал и со солзавец го испрскал во пределот на очите, а му го скршил и прозорското стакло од неговото возило. На 4 февруари годинава во куќата во која живее под кирија, започнал вербална расправија со неговата сопруга Н.С.-Т.(37) и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници и клоци по телото и лицето, а откако истата побарала помош од нејзините родители, пријавениот со штрафцигер го нападнал нејзиниот татко М.С.(67) од село Табановце, додека при туркањето, пријавениот се здобил со убодна рана во пределот на градниот кош и коленото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.