| четврток, 6 декември 2018 |

Високите потпетици на Фифи (ФОТО)

Музичкото шоу „Икс-фактор“ влегува во втората фаза на натпреварувањето. Кандидатите кои на првите аудиции добија доволно гласови од жирито за да продолжат, во вторник влегуваат во следниот предизвик – „Регрутниот камп“.

Меѓу нив се и македонските кандидати, а еден од нив е и Филип Јаневски. Фифи за време на вторите аудиции одбра да се појави во уште повисоки потпетици од оние кои ги носеше на првото претставување пред јавноста.

stikli

Кои кандидати продолжуваат понатаму во фазата кога ќе добијат и вокален тренер, поточно некој од искусното жири ќе им помогне во усовршувањето на следните изведби, ќе видиме во вторник на „Сител“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top