Комисија на УНЕСКО од утре во Охрид, ќе проверува како се заштитува природното и културното наследство во градот, објави порталот Региони мк.
Како што е најавено утре претставници на Мисијата на УНЕСКО преку специјализирана агенција ќе постигнат во Охрид.
Предвидено е да се изврши контрола за состојбата во градот, со акцент врз заштитата на културно-историските споменици, по што ќе изготви извештај за состојбите, со препораки во врска со активностите за заштитата на културното и природното богатство во иднина.
Станува збор за вообичаена контрола, во чии рамки претставниците на УНЕСКО ќе посетат значајни историски локалитети и споменици на културата во Охрид, а предвидена е и средба со градоначалникот Никола Бакрачески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.