
Пијан кумановец вчера предизвикал вистински хаос и паника кај жителите на кумановско Доброшане. Се работи за 34-годишниот Д.Ѓ. кој се опијанил, дошол на бензинската пумпа “Детоил“ и започнал да крши се пред себе. Бесниот кумановец кршел стаклени шишиња, а потоа влегол во продавницата и продолжил да руши се пред себе. Откако полицијата пристигнала на местото на настанот, тој ги нападнал и нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


