
„Македонија-пат“ информира дека сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во републиката се одвива тековно, претежно по суви коловози, мали остатоци од кашест снег има само на повисоките осојничави места,но истите се опесочени и не претставуваат проблем за одвивање на сообраќајот. Поради ниските температури можни се подмрзнувања на делови од коловозите. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


