Три кинески бродови навлегоа денеска во територијални води во близина на спорните острови Сенкаку/Диаоју во источното Кинеско Море соопшти јапонската крајбрежна стража. Тоа е прв инцидент откако Пекинг минатиот месец воведе зона забранета за летови во таа област.
Бродовите навлегле 12 наутички милји во јапонски територијални води околу 9 часот по локално време и го напуштиле тоа подрачје попладнето по локално време, соопшти јапонската крајбрежна стража.
Тоа е првпат да се регистрирани кинески бродови да впловат во тие води откако Пекинг на 22 ноември подигна регионални тензии со објавување своја мапа за Воздушна одбранбена идентификациска зона во Источното Кинеско Море – територија врз која право имаат Јапонија, Тајван и Јужна Кореја, а каде се наоѓаат спорните острови. Според западни медиуми, кинески бродови и порано пловеле околу спорните острови, но останувале далеку од впловување во територијални води на Јапонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


