Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов најави сместување, храна и парична помош за семејствата од опожарените куќи во скопската населба Топанско поле. Тој ги посети семејствата.
-Семејствата ќе бидат сместени во одморалиштето во Љубанци. Дополнително ќе помогнеме и со парична помош, во рамки на нашите надлежности и можности. Ќе дадеме максимална поддршка со цел овие луѓе што е можно побрзо да се згрижат и да се обезбедат средства за реконструкција на нивните домови- рече Спасов.
Градоначалник Коце Трајановски најави помош во висина од околу 1,5 милиони денари, а Црвениот крст на Град Скопје доставил по 30 пакети храна и хигиенски производи за да се задоволат потребите на 100 лица.
-Се дистрибуираа 60 душеци, 60 ќебиња како и топла облека за сите. Во акцијата се вклучија 10 волонтери и тимот за логистика, кој го организираше транспортот на кревети за лицата до одморалиштето во Љубанци- велат од таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


