| четврток, 6 декември 2018 |

Милион луѓе протестираат во Киев

Неколку стотици илјади лица се собраа денеска во центарот на украинскиот главен град Киев барајќи оставка од претседателот Виктор Јанукович. Според организаторите, на протестите има речиси милион луѓе додека полицијата тврди дека има околу сто илјади.

Демонстрантите ја испеаја химната, а подоцна им се обрати ќерката на поранешната премиерка Јулија Тимошенко која е во затвор.

– Нашата крајна цел е итна оставка на украинскиот претседател,  Не правете чекор назад, не преговарајте со власт чии раце се со крв, нагласи Евгенија Тимошенко во обраќање што и било дадено од мајка ѝ и додаде:

– Денес имаме избор – да потонеме во корумпирана диктатура или да се вратиме во домот, во Европа.

Опозициските лидери Арсениј Јаценјук и Виталиј Кличко повикаа и на генерален штрајк во државата. Полицијата соопшти дека мобилизирала 5.000 свои припадници за зачувување на јавниот ред во Киев.

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top