Во живописното италијанско гратче Губио беше запалена светлечка декорација која претставува најголема новогодишна елка на светот. Стотици набљудувачи, меѓу кои голем број деца, гледале како еден свештеник со помош на таблет ја вклучува светлечката инсталација во облик на елка, поставена на брдото над средновековното гратче во северниот дел на Италија.
Елката се состои од околу 1.000 разнобојни сијалички распоредени до височина од 750 метри и ширина од 450 метри. На брдото, веднаш над елката, е поставена уште една украсна божиќна инсталација во облик на ѕвезда која паѓа, составена од 250 сијалички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Илјадници верници се собраа во Витлеем: Светна божикната елка во родното место на Исус
-
Елката на Рокфелер со ѕвезда од 3 милиони „swarovski“ кристали светна во Њујорк
-
Ќе ви донесе куп среќа: Во пресрет на празниците, не е сеедно каде ја поставувате елката!