По обвинувањата на претседателот на Демократската партија на Србите Иван Стоиљковиќ дека некои медиуми разгорувале меѓунационална нетрпеливост при известувањето за споменикот на Цар Душан, се огласи телевизија Телма со реакција во која ги отфрли обвинувањатаа:
Телевизија Телма со индигнација и категорично ги отфла обидите на Иван Стојиљковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, вината и одговорноста за тензиите што се случија по нетранспарентното поставување на споменикот на Цар Душан да им ги препише на некои медиуми, меѓу нив и на Телма. Стојиљковиќ ќе мора да одговори пред надлежните институции како дошол до заклучок дека Телма повикува на омраза и ширење на меѓуетнички тензии и да го докаже тоа. Телма во текот на своето постоење уверливо го потврди својот професионализам и нема да дозволи никој да го напаѓа со разно -разни политикански инсинуации, се вели во реакцијата на телевизијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Двојни аршини: Марин избегал од дебата а од Телма не му дале можност на Коневски да гостува сам
-
Груевски: Народот 60 дена протестираше мирно, провокациите на СДСМ придонесоа да се случи она синоќа (ВИДЕО)
-
Милошоски: Зошто СДСМ ја прифати Платформата и зошто не кажува што содржи тој договор
-
„Телма“ и „Канал 5“ се спојуваат