Тој оствари голем број успеси во кошарката, но себеси се промовираше и како селектор, а по низата освоени трофеи, Давитков замина да освојува титули и во далечниот свет. Најпрвин на Исланд, а потоа во Кувајт за да моментно работи во Обединетите Арапски Емирати, поточно во прекрасниот Дубаи.
По четирите години поминати во Кувајт и одличните резултати остварени таму, беа најголемата препорака да дојде во прекрасниот Дубаи, што за него е уште еден голем предизвик.
Токму овие резултати го промовираат Јорданчо Давитков во најголемиот Македонски амбасадор на полето на спортот на Блискиот Исток. Неговите сограѓани во Кочани се горди на неговите големи успеси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.