| четврток, 6 декември 2018 |

Редно е Јохан да се врати дома (неделник Република, 23.11.2012)

Во март Тар­чу­лов­ски ги ис­пол­ну­ва си­те пра­ви­ла на Ха­шки­от три­бу­нал за да би­де ус­лов­но ос­ло­бо­ден по осум го­ди­ни по­ми­на­ти во за­твор

Tarculovski-REPUBLIKA-naslovna

Насловната страна од 12. број на неделникот „Република“

Повеќето медиуми, вчера ја пренесоа веста дека Јохан Тарчуловски наскоро ќе се врати дома, откако ја одлежа две третини од казната во германскиот затвор Диаг. За ова неделникот Република пишуваше уште на 23 ноември минатата година. И тогаш информаците за Јохан предизикаа исклучителен интерес на јавноста. За оние читатели кои го пропуштиле да го набават тој број на неделникот, тука ја поместуваме темата за Јохан.

Tarculovski-so-Ljube-vo-Hag

Јо­хан Тар­чу­лов­ски, единс­тве­ни­от Ма­ке­до­нец осу­ден од Ха­шки­от три­бу­нал, ќе се вра­ти до­ма во мај в го­ди­на?

Тој во март 2013 го­ди­на во гер­ман­ски­от за­твор „Ди­аз“ отс­лу­жу­ва осум го­ди­ни или две тре­ти­ни од 12-го­диш­на­та  за­твор­ска каз­на по­ра­ди  на­ста­ни­те во скоп­ско­то се­ло Љу­бо­тен од 12 август 2001 го­ди­на. Не­го­ви­от ад­во­кат Ан­то­нио Апо­стол­ски са­мо­у­ве­ре­но ни ги об­јас­ни пра­ви­ла­та на Три­бу­на­лот спо­ред кои ова е мож­но, осо­бе­но за­тоа што Тар­чу­лов­ски бил при­ме­рен за­тво­ре­ник. До­кол­ку Три­бу­на­лот се сог­ла­си, од­лу­ка­та вле­гу­ва во си­ла три ме­се­ци по отс­лу­жу­ва­ње­то на две­те тре­ти­ни, од­нос­но во мај Јо­хан, ко­неч­но, ќе си ги ви­ди две­те де­чи­ња, Со­ња, Љу­бан­ци и це­ла Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја ги тр­пи не­прав­ди­те пре­ку не­го­ви­от грб. Јо­хан сѐ уште е млад чо­век, кој ни­ко­гаш не се кри­е­ше од су­дот, а во по­ли­ци­ја тој не­ма­ше ко­манд­на, ту­ку пот­чи­не­та функ­ци­ја. Во те­кот на су­де­ње­то се од­не­су­ва­ше до­сто­инс­тве­но и хра­бро.

Пред­вре­ме­но­то, по­точ­но ка­жа­но, ус­лов­но­то ос­ло­бо­ду­ва­ње е од­лу­ка, ко­ја мно­гу па­ти е при­ме­не­та во Ха­шки­от три­бу­нал. Пред­вре­ме, ми­на­та­та го­ди­на, бе­ше ос­ло­бо­ден бо­сан­ски­от Хр­ват Вин­ко Мар­ти­но­виќ, осу­ден на 18 го­ди­ни за­твор за на­силс­тва врз бо­сан­ски мус­ли­ма­ни во Мо­стар. Тој по­крај отс­лу­же­ни две тре­ти­ни од каз­на­та, јав­но се по­ка­ја за зло­сторс­тва­та. Се по­ка­јаа и из­ви­ни­ја и по­ра­неш­ни­от ге­не­рал на ЈНА Ве­се­лин Шљи­ван­ча­нин и во­е­ни­от ко­ман­дант на бо­сан­ски­те Хр­ва­ти Иви­ца Ра­иќ. Би­ља­на Пла­вшиќ, не­ко­гаш­на­та пре­тсе­да­тел­ка на Ре­пуб­ли­ка Срп­ска, ко­ја сто­е­ше ра­мо до ра­мо со Ра­до­ван Ка­ра­џиќ и со Ра­тко Мла­диќ ко­га од ри­до­ви­те на Па­ле се бом­бар­ди­раа стан­бе­ни­те згра­ди во Са­ра­е­во, исто та­ка, бе­ше ос­ло­бо­де­на пред­вре­ме. Од неа не ни ба­раа да се из­ви­ни за ге­но­ци­дот за кој бе­ше осу­де­на на 11 го­ди­ни за­твор, а од­ле­жа са­мо се­дум.

Зна­чи, Јо­хан се вра­ќа до­ма! Ва­ка гла­си на­ша­та на­деж и жел­ба. Ба­рем ова не мо­же да ни го скра­ти ни­е­ден Три­бу­нал. Но…

По­ли­ти­ка, мно­гу по­ли­ти­ка
Пред две го­ди­ни, апе­ла­ци­ски­от три­бу­нал во Хаг ја од­би жал­ба­та на Јо­хан. И то­гаш ва­жеа овие еле­мен­ти што ги спо­ме­нав­ме, но су­дот не го зе­де тоа пред­вид. А, кол­ку мо­же да се на­де­ва­ме или не, нај­до­бро збо­ру­ва пос­лед­ни­от при­мер со ос­ло­бо­ду­ва­ње­то на хр­ват­ски­те ге­не­ра­ли Ан­те Го­то­ви­на и Мла­ден Мар­кач, ла­ни осу­де­ни на по 24 го­ди­ни за­твор за во­е­ни зло­сторс­тва врз ос­но­ва на ко­манд­на и на ин­ди­ви­ду­ал­на од­го­вор­ност. Апе­ла­ци­ја­та на Ха­шки­от три­бу­нал ги ос­ло­бо­ди од ви­на­та за смрт­та на 1.600 срп­ски ци­ви­ли од ак­ци­ја­та „Бу­ра“ во Книн­ска Кра­и­на и за со­го­ру­ва­ње на 20 се­ла до те­мел (поз­на­то ка­ко ет­нич­ко чи­сте­ње по си­сте­мот „спа­ле­на зем­ја“). Ме­ѓу образ­ло­же­ни­ја­та на ва­ква­та од­лу­ка, су­дот на­ве­ду­ва: … „Не е пре­циз­но утвр­де­но да­ли со то­по­ви­те на хр­ват­ска­та ар­ми­ја е стре­ла­но од по­ма­ла или од по­го­ле­ма од­да­ле­че­ност од 200 ме­тра во ци­вил­ни це­ли. До­кол­ку е по­да­ле­ку од 200 ме­три, об­ви­не­ти­те не мо­же­ле да зна­ат да­ли се ра­бо­ти за ци­вил­ни и за во­е­ни це­ли…“

Но, да разг­ле­да­ме уште по­јас­но.
„Те­шка по­стап­ка, има­ше мно­гу по­ли­ти­ка, од­лу­ка­та бе­ше по­де­ле­на, што збо­ру­ва кол­ку е тен­ка цр­та­та ме­ѓу ви­сти­на­та и не­ви­сти­на­та, ме­ѓу прав­да­та и не­прав­да­та“. Не­ве­ро­јат­но кол­ку мно­гу ус­пеа да ка­же хр­ват­ски­от пре­ми­ер Зо­ран Ми­ла­но­виќ об­јас­ну­вај­ќи ѝ на еу­фо­рич­на­та хр­ват­ска јав­ност ка­ко дош­ло до ос­ло­бо­ди­тел­на­та пре­су­да на ге­не­ра­ли­те.

Или, ако са­ка­те, еве еден пре­вод на тоа што го ве­ли Ми­ла­но­виќ, што ни го да­де поз­на­ти­от хр­ват­ски ад­во­кат Зво­ни­мир Хо­дак (пр­ви­от бра­ни­тел на Љу­бе Бо­шко­ски):
„Ха­шки­от суд, всуш­ност, не е суд ту­ку ци­ви­ли­за­ци­ска и прав­на сра­мо­та“.

Уште по­кон­крет­на бе­ше по­ра­неш­на­та ха­шка об­ви­ни­тел­ка Кар­ла дел Пон­те, ко­ја, па­тем ре­че­но, це­ли 11 го­ди­ни го бр­ка­ше Го­то­ви­на (за раз­ли­ка од Тар­чу­лов­ски, кој не се кри­е­ше), сѐ до не­го­во­то ап­се­ње во Шпа­ни­ја пред две го­ди­ни.

„Шо­ки­ра­на сум. Бев мно­гу из­не­на­де­на и вчу­до­ви­де­на. Со­се­ма е не­ве­ро­јат­но што се слу­чи по каз­на­та од 24 го­ди­ни за Го­то­ви­на. Не­ве­ро­јат­но. Не мо­жам да го при­фа­там тоа. Чув­ству­вам це­лос­на со­ли­дар­ност со срп­ски­те жр­тви кон кои е из­вр­ше­но зло­сторс­тво. Зло­сторс­тво, кое цвр­сто го до­ка­жав­ме со фа­кти“, из­ја­ви таа за срп­ски „Блиц“.

Збо­ро­ви­те на хр­ват­ски­от пре­ми­ер, кол­ку и да се кон­тра­ди­ктор­ни, ја отс­ли­ку­ва­ат ми­зер­на­та сли­ка на свет­ска­та „прав­да“ за вој­ни­те во по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја.

Се­пак, не се сог­ла­су­ва­ат си­те со ова. Ду­ри и чле­но­ви­те на РЕКОМ (Ре­ги­о­нал­на­та ко­ми­си­ја за утвр­ду­ва­ње на фа­кти­те за во­е­ни­те зло­сторс­тва и за дру­ги­те те­шки кр­ше­ња на чо­ве­ко­ви­те пра­ва на по­драч­је­то на не­ко­гаш­на СФРЈ), Ван­ков­ска и Пу­хов­ски (ви­ди рам­ки), за­го­ва­ра­ат „ус­лов­но ка­жа­но“ сво­е­вид­на ал­тер­на­ти­ва на Хаг. Во октом­ври 2011 го­ди­на е фор­ми­ран ре­ги­о­нал­ни­от тим на за­го­ва­ра­чи за РЕКОМ, кој ја пред­во­ди фи­нал­на­та фа­за на про­це­сот на РЕКОМ. Од др­жа­ви­те во ре­ги­о­нот се ба­ра ос­но­ва­ње на не­за­вис­ни, ме­ѓу­др­жав­ни ре­ги­о­нал­ни ко­ми­сии за утвр­ду­ва­ње на фа­кти­те за си­те жр­тви на во­е­ни­те зло­сторс­тва и име­ну­ва­ње на уби­е­ни­те и на ис­чез­на­ти­те. За дру­ги­те це­ли и за­да­чи ко­неч­но­то ре­ше­ние би тре­ба­ло да го до­не­сат вла­ди­те, кои за­ед­нич­ки ќе ја ос­но­ва­ат РЕКОМ, пред­ла­га­ат неј­зи­ни­те за­го­ва­ра­чи За оваа ини­ци­ја­ти­ва се за­ло­жи и пре­тсе­да­те­лот Ѓор­ге Ива­нов при пос­лед­на­та сред­ба со ма­ке­дон­ски­от за­го­ва­рач на РЕКОМ, Бил­ја­на Ван­ков­ска.

Лич­на­та кар­та на Три­бу­на­лот исте­ку­ва го­ди­на­ва

Ме­ѓу­на­род­ни­от три­бу­нал за про­гон на зло­сторс­тва­та во по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја го­ди­на­ва ја за­вр­шу­ва сво­ја­та ра­бо­та. Оста­ну­ва да ра­бо­ти са­мо жал­бе­ни­от дел од Три­бу­на­лот, кој ќе функ­ци­о­ни­ра до кра­јот на 2015 го­ди­на. Оста­ну­ва­ат да се до­вр­шат са­мо уште суд­ски­те про­це­си на по­ра­неш­ни­те во­да­чи на бо­сан­ски­те Ср­би, Ра­до­ван Ка­ра­џиќ, Ра­тко Мла­диќ и Го­ран Ха­џиќ, за кои се оче­ку­ва да за­вр­шат до кра­јот на 2014 го­ди­на. В го­ди­на се фор­ми­ра нов суд, кој ќе пре­зе­ме дел од над­леж­но­сти­те на Хаг, но тој ќе се од­не­су­ва и на во­е­ни зло­сторс­тва од дру­ги кра­и­шта во све­тот.

Су­дот во Хаг бе­ше фор­ми­ран на 25 мај 1993 го­ди­на, по ос­но­ва на Ре­зо­лу­ци­ја­та 827 на Со­ве­тот за без­бед­ност на ООН. До­се­га се обра­бо­те­ни 161 об­ви­нет. Комп­ле­ти­ра­ни се про­це­си за 126 од нив. Од овие 126, 64 се осу­де­ни (при што еден од нив че­ка пре­фр­лу­ва­ње во друг за­твор, 26 се ве­ќе пре­фр­ле­ни, 34 си ја отс­лу­жи­ја каз­на­та, а трој­ца по­чи­наа в за­твор). Три­бу­на­лот до­не­се 13 ос­ло­бо­ди­тел­ни пре­су­ди, а дру­ги 36 слу­чаи се пре­ки­на­ти за­тоа што об­ви­ни­телс­тво­то го пов­лек­ло об­ви­не­ни­е­то или за­тоа што слу­ча­јот бил пре­фр­лен во ло­кал­ни су­до­ви.

Пу­хов­ски: Слу­ча­и­те на Тар­чу­лов­ски и на Го­то­ви­на не се спо­ре­ду­ва­ат
Поз­на­ти­от хр­ват­ски ана­ли­ти­чар и про­фе­сор Жар­ко Пу­хов­ски, во кра­тко­то ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ сме­та де­ка од­лу­ки­те на Хаг тре­ба да се гле­да­ат од ас­пект на де­неш­ни­те слу­чу­ва­ња на бо­и­шта­та во све­тот. Тој во­ед­но сме­та де­ка не мо­же да се спо­ре­ду­ва­ат од­лу­ки­те за Тар­чу­лов­ски и за Го­то­ви­на.
Кол­ку пре­су­ди­те во Хаг оз­на­чу­ва­ат кол­ку ед­на зем­ја е во „ми­лост или не­ми­лост“ на го­ле­ми­те си­ли?
– Не мис­лам де­ка Хаг е по­себ­но по­ли­тич­ка ин­сти­ту­ци­ја, ба­рем не по­ве­ќе од што се др­жав­ни­те су­до­ви. Во не­го­во­то дејс­тву­ва­ње има мно­гу гре­шки, но не по­ра­ди, ка­ко што ве­ру­вам, вли­ја­ни­е­то на по­ли­ти­ка­та на свет­ски­те си­ли. Уве­рен сум де­ка по­ли­ти­ка­та на го­ле­ми­те си­ли – тек­сту­ал­но гле­да­но – е ед­на од нај­до­бри­те од­лу­ки, таа за Го­то­ви­на и за Мар­кач. Кол­ку и да е таа од­лу­ка увер­ли­ва (и за по­ве­ќе­то Хр­ва­ти, среќ­на) тре­ба да се гле­да во свет­ли­на на се­гаш­ни­те вој­ни во Авга­ни­стан, Га­за или, мо­же­би, Иран. Што ќе пра­ват бе­ло­свет­ски­те ор­га­ни­за­то­ри на вој­ни ако Хаг со сво­ја­та од­лу­ка во ме­ѓу­на­род­но­то пра­во, на­ви­сти­на, ја во­ве­де­ше гра­ни­ца­та од 200 ме­три ка­ко доз­во­ле­на за при­фат­ли­ва упо­тре­ба на то­по­ви­те? По­и­на­ку ка­жа­но, по­ра­неш­ни­те ју­гос­ло­вен­ски зем­ји не се во цен­та­рот на ин­те­ре­си­те на кој би­ло би­тен во све­тот, па ка­ко што јас ги раз­би­рам ра­бо­ти­те, са­мо не­о­све­сте­ни на­ци­о­на­ли­сти гле­даа на Хаг ка­ко на ме­ѓу­на­ро­ден по­ли­гон за вли­ја­ние на пост­ју­гос­ло­вен­ски­те дип­ло­ма­тии.

Да­ли мо­же да се спо­ре­ду­ва­ат слу­ча­и­те на Тар­чу­лов­ски и на Го­то­ви­на?
– За жал, во ва­кви су­де­ња не мо­же да се при­ме­ни кон­крет­на ло­ги­ка, ни­ту во пра­во­судс­тво­то во­оп­што. Во Хр­ват­ска, Са­на­дер е осу­ден, пр­во­сте­пе­но на 10 го­ди­ни за­твор, а чо­ве­кот што су­дот го прог­ла­си за ма­че­ње на 34 ци­ви­ли за вре­ме на вој­на­та до­би 3,5 го­ди­ни за­твор? Ако ни е до чо­ве­ко­ви­те пра­ва, ќе би­де­ме за­до­вол­ни со каз­ну­ва­ње­то на кој би­ло од до­ка­жа­ни­те зло­стор­ни­ци, откол­ку да се ја­до­су­ва­ме за тоа што не­кои дру­ги не се каз­не­ти.

Да­ли не­ка­ков до­го­вор ме­ѓу Ма­ке­до­ни­ја и Гр­ци­ја за име­то ќе има вли­ја­ние за сло­бо­да­та на Тар­чу­лов­ски.
– Не ве­ру­вам во те­о­рии на за­го­вор. Тие те­о­ре­ти­ча­ри овие де­но­ви кај нас во Хр­ват­ска се по­сра­мо­те­ни (за­тоа што ре­чи­си си­те „зна­е­ја“ де­ка „ме­ѓу­на­род­ни­те моќ­ни­ци“ ќе ги осу­дат Го­то­ви­на и Мар­кач по­ра­ди ан­ти­па­ти­ја­та кон „уло­га­та на Хр­ват­ска во рас­ту­ра­ње­то на Ју­гос­ла­ви­ја“), па не гле­дам зо­што со Ма­ке­до­ни­ја би би­ло по­и­на­ку. Грч­ка­та по­зи­ци­ја за име­то е, про­сто, при­ми­тив­но-на­ци­о­на­ли­стич­ка – а е уште по­о­пас­но и за­тоа што, ре­чи­си за­кон­ски, пре­диз­ви­ку­ва слич­ни ре­ак­ции во Ма­ке­до­ни­ја. Гр­ци­ја не игра ни­ка­ква уло­га во свет­ски­те по­ли­тич­ки сце­на­ри­ја (до­вол­но е ло­шо што за­ко­ни­те на ЕУ ѝ овоз­мо­жу­ва­ат фор­мал­на уло­га во не­кои, за Ма­ке­до­ни­ја, бит­ни од­лу­ки.

Ван­ков­ска: Са­ми сме ви­нов­ни што не ги доставивме ха­шки­те слу­чаи

Да­ли од­го­вор­но­ста за Јо­хан не е и на на­ша стра­на?
Про­фе­сор­ка­та Бил­ја­на Ван­ков­ска со отрез­ну­вач­ки ко­мен­тар за „Ре­пуб­ли­ка“.

– Ха­шки­от три­бу­нал е остро кри­ти­ку­ван и на­па­ѓан, бу­квал­но, од си­те др­жа­ви од по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја, чи­и­што гра­ѓа­ни беа из­ве­де­ни пред не­го ка­ко об­ви­не­ти или беа осу­де­ни. До не­о­дам­на ист бе­ше ста­вот и во Хр­ват­ска. Мис­лам де­ка проб­ле­мот е пр­венс­тве­но во јав­но­ста на си­те зем­ји, на ко­ја ѝ е по­лес­но да ја пре­фр­ли ви­на­та на, на­вод­но, по­ли­ти­зи­ра­ни­от Три­бу­нал, откол­ку са­ма­та да пре­зе­ме мер­ки за санк­ци­о­ни­ра­ње на во­е­ни­те зло­сторс­тва. Са­мо ко­га не­ко­ја пре­су­да не­ко­му му оди в пол­за, то­гаш се твр­ди де­ка е ова зна­чај­на прав­на ин­сти­ту­ци­ја. Ние гу­би­ме од вид кол­ку из­др­жа­ни пре­су­ди се до­не­се­ни и кол­ку ви­стин­ски зло­стор­ни­ци оти­доа в за­твор за де­ла што ќе оста­неа не­каз­не­ти до­кол­ку не по­сто­е­ше оваа ме­ѓу­на­род­на суд­ска ин­стан­ца. Тоа за што јас се­ри­оз­но го кри­ти­ку­вам Три­бу­на­лот е се­ле­ктив­но­ста (из­бор ко­му ќе му се су­ди, т.е. тар­ге­ти­ра­ње, глав­но, на нај­ви­со­ки­те во­е­ни и по­ли­тич­ки прет­став­ни­ци, на сме­тка на тоа што мно­гу ви­стин­ски ег­зе­ку­то­ри до­би­ваа по­пу­сти сѐ со цел „го­ле­ми­те ѕвер­ки“ да се осу­дат. Вто­ра­та кри­ти­ка се од­не­су­ва на не­до­вет­на­та, па и не­про­фе­си­о­нал­на ра­бо­та на об­ви­ни­телс­тво­то (на при­мер, на Ми­ло­ше­виќ му по­диг­наа об­ви­не­ние ду­ри во 1999 го­ди­на, сре­де во­е­на ин­тер­вен­ци­ја што го кр­ше­ше ме­ѓу­на­род­но­то пра­во, и тоа го су­деа пр­во за Ко­со­во, а не за Бос­на и за Сре­бре­ни­ца). Тре­та­та сла­бост на Три­бу­на­лот е ме­ша­ње­то на су­дии што до­а­ѓа­ат од раз­лич­ни прав­ни си­сте­ми, па и пре­су­ди­те беа по­не­ко­гаш чуд­ни, за што осо­бе­но збо­ру­ва слу­ча­јот на Го­то­ви­на и на Мар­кач. Од ма­ке­дон­ска глед­на точ­ка, не­ма што да се лу­ти­ме би­деј­ќи ду­ри и да би­ла по­ли­тич­ка од­лу­ка­та, а не бе­ше, со­од­но­сот е 50:50, еден ос­ло­бо­ден, еден осу­ден. За Тар­чу­лов­ски мо­же­ме да збо­ру­ва­ме за ви­си­на­та на каз­на­та, осо­бе­но во спо­ред­ба со осу­ди­те за дру­ги де­ла со мно­гу по­го­лем број ци­вил­ни жр­тви, но во од­нос на ви­на­та, јас не би ја до­ве­ла во пра­ша­ње. Ние сме са­ми­те ви­нов­ни што не ги обра­бо­тив­ме пре­о­ста­на­ти­те ха­шки слу­чаи, па се­га се чи­ни де­ка са­мо ед­на­та стра­на (ма­ке­дон­ска­та) вр­ше­ла зло­сторс­тва. На­ши­те вла­сти ги ам­не­сти­раа, а не го­ле­ми­те си­ли.

За­па­дот не­ма да об­јас­ну­ва ни­што во вр­ска со ос­ло­бо­ду­ва­ње­то на Го­то­ви­на и на Мар­кач би­деј­ќи фор­мал­но-прав­но Три­бу­на­лот е фор­ми­ран од ООН. Тар­чу­лов­ски е са­мо еден на по­дол­га ли­ста осу­де­ни ли­ца. Мис­лам де­ка ние ја гу­би­ме од вид по­ши­ро­ка­та сли­ка, ко­ја е да­ле­ку од цр­но-бе­ла. За пре­су­да­та на Го­то­ви­на ве­ќе се де­ба­ти­ра ама во ме­ѓу­на­род­но-прав­ни­те кру­го­ви би­деј­ќи ста­ну­ва збор за прав­но ди­ску­та­бил­но ме­ну­ва­ње на пре­су­да­та на пр­во­сте­пе­ни­от со­вет од стра­на на жал­бе­ни­от. Вто­ро­то пра­ша­ње, кое мно­зи­на ин­те­ле­кту­ал­ци се­га го по­ста­ву­ва­ат, е да­ли Хр­ват­ска ќе пре­зе­ме мер­ки не­кој да од­го­ва­ра за зло­де­ла­та што се на­пра­ве­ни за вре­ме на ак­ци­ја­та „Бу­ра“, а за чи­е­што по­сто­е­ње го­во­реа и Јо­си­по­виќ и Го­то­ви­на.

РЕПОРТАЖА

ЉУБАНЦИ 11 ГОДИНИ ПОТОА

Надеж и страв во род­но­то се­ло на Јо­хан
Spomenik-zaginati-Ljubanci

На­ја­ве­на­та мож­ност на пред­вре­ме­но ос­ло­бо­ду­ва­ње на Тар­чу­лов­ски од за­тво­рот во Гер­ма­ни­ја, ка­ко и шо­кот пре­диз­ви­кан од ос­ло­бо­ду­ва­ње­то на хр­ват­ски­те офи­це­ри Го­то­ви­на и Мар­кач, во­оп­што не пре­диз­ви­ку­ва еу­фо­ри­ја во Љу­бан­ци, во не­го­во­то род­но се­ло.
На­про­тив, рас­по­ло­же­ни­е­то на жи­те­ли­те на Љу­бан­ци, ка­ко кај род­ни­ни­те на Јо­хан, та­ка и кај дру­ги­те жи­те­ли, во­оп­што не се раз­ли­ку­ва­ше од мрач­но­то но­ем­ври­ско поп­лад­не, ко­га и ги по­се­тив­ме. Ос­ло­бо­ду­ва­ње­то на двај­ца­та хр­ват­ски ге­не­ра­ли, од­го­вор­ни за ил­јад­ни­ци уби­е­ни хр­ват­ски ци­ви­ли, за нив е са­мо до­каз де­ка су­дот во Хаг е са­мо по­ли­ти­ка.

Скеп­ти­циз­мот вед­наш се за­бе­ле­жу­ва­ше, но и стра­вот. За суд­би­на­та на Јо­хан, но и за со­жи­во­тот со со­се­ди­те Ал­бан­ци од Љу­бо­тен, кој, всуш­ност, и не по­стои.
– Се на­де­ва­ме, ка­ко не се на­де­ва­ме, ама ни­кој ни­што не знае. И тоа што ве­лат де­ка зна­ат ко­га ќе го пу­штат, не зна­ат – ве­лат род­ни­ни на Јо­хан, на на­ше­то пра­ша­ње да­ли ве­ру­ва­ат во ско­раш­но­то вра­ќа­ње на нај­поз­на­ти­от со­гра­ѓа­нин.

Единс­тве­ни­от што се на­фа­ти јав­но да про­го­во­ри е Ата­нас Ко­стан­чев­ски, по­да­ле­чен род­ни­на на Јо­хан и пре­тсе­да­тел на Mес­на­та за­ед­ни­ца во Љу­бан­ци, се­га и за вре­ме на дра­ма­тич­ни­те на­ста­ни во ју­ли и во август 2001 го­ди­на.

– Кон Ма­ке­до­ни­ја се­ко­гаш се од­не­су­ва­ле
не­фер. Евро­па е таа што ја де­ле­ше
на­ша­та зем­ја, та­ка што пак не оче­ку­вам да би­дат фер или да има не­ка­ква прав­да за Јо­хан. Знам де­ка има мож­ност
да го пу­штат, ама ни­кој не се под­го­тву­ва
за сла­ве­ње ов­де. Искре­но, не ве­ру­вам. Тоа се ви­де и на су­де­ње­то во Хаг.
Јас бев та­му и ви­дов ка­ко се де­ли нив­на­та прав­да – ве­ли Ко­стан­чев­ски.

Ре­вол­тот од пре­су­да­та за Јо­хан и од ос­ло­бо­ду­ва­ње­то на Љу­бе Бо­шко­ски сѐ уште тлее кај жи­те­ли­те.
– Се зна­е­ше кој ги да­ва на­ред­би­те, а гле­дај­те кој за­вр­ши в за­твор. Јо­хан, кој бе­ше оби­чен по­ли­ца­ец – до­да­ва еден не­гов при­ја­тел.

За раз­ли­ка од акту­ел­ни­те ди­ску­сии за каз­на­та за Јо­хан, не­го­ви­те при­ја­те­ли и род­ни­ни зна­ат де­ка тој е под стра­шен при­ти­сок. Тие се отво­ре­но за­гри­же­ни.

– Тој се­ко­гаш ќе жи­вее со опас­но­ста од од­маз­да. Ал­бан­ци­те ни­ко­гаш не за­бо­ра­ва­ат. Не за­бо­ра­ва­ме ни ние. Но, са­мо Јо­хан си знае што ќе пра­ви. Та­ква е и си­ту­а­ци­ја­та со лу­ѓе­то од Љу­бо­тен. Во­оп­што не раз­го­ва­ра­ме со нив. За­ги­наа и на­ши и нив­ни. Две­те се­ла се ед­но до дру­го ама не­ма ни­ка­ква ко­му­ни­ка­ци­ја. Не си ви­ка­ме ни „здра­во“, ни „до­бар ден“. Пра­ша­ње е да­ли не­ко­гаш ќе има­ме му­а­бет со нив. Ма­ке­дон­ци­те што се во тоа се­ло не мо­жат на ра­ат ни на ни­ва да си пој­дат. По­сто­ја­но им ви­ка­ат де­ка има­ло не­ка­кви гра­на­ти та­му и ко­га ора­ат да си ра­бо­та­та на свој ри­зик. Еден дел од нив се исе­ли­ја од Љу­бо­тен – рас­ка­жу­ва­ат жи­те­ли­те на Љу­бан­ци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top