Нелсон Мандела, лидерот на антиапартхејдот ќе биде погребан на 15 декември, во неговиот дом во рурален Куну, а комеморацијата на стадионот во Јоханесбург ќе се одржи во вторник, на 10 декември, изјави претседателот Џејкоб Зума. Телото на Мандела ќе биде изложено за последен поздрав во владините простории во Преторија од 11 декември до денот на погребот, а денес ќе биде национал ден на сеќавање и молитва во Јужна Африка.
Нобеловецот за мир Нелсон Мандела беше првиот црн претседател на Јужна Афрука кој помина речиси една третина од животот како затвореник на апартхејдот, а сепак успеа да ги победи неговите поразени чувари со релативно мирна транзиција на власта што беше инспирација за светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.