| четврток, 6 декември 2018 |

Две години без легендата Гоце Арнаудов

На денешен ден пред две години почина еден од најпознатите пејачи, легенда на македонската музика Гоце Арнаудов.

Гоце Арнаудов има испеано преку 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место.

Тој наскоро ќе добие споменик во малиот градски парк во Струмица. Споменикот на Арнаудов моментално се лее во леарница во Скопје и ќе биде готов до 15 јануари.

Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top