| четврток, 6 декември 2018 |

Почна санацијата на оштетената брана „Липа“

brana-lipa

Почна санацијата на оштетената брана „Липа“ кај истоименото село во Неготинско, а, според техничкиот директор на водостопанство „Тиквеш“ од Кавадарци, браната се санира на неколку места.

– Се зголемува висината на круната на браната за околу 60 сантиметри. Се проширува и преливниот дел. Се санира и оштетувањето на земјениот дел од браната кое настана како последица на пролетните поројни дождови, како и вентилот. Како што може да се забележи на терен, браната веќе се полни со вода, нивото на вода е зголемено за околу 40 сантиметри. Земјоделците кои наводнуваа со вода од оваа брана не треба да стравуваат бидејќи таа повторно ќе се наполни до следната наводнувачка сезона – рече Темелковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top