Бизнисмени од Дубаи формираа фирма во Македонија со која ќе инвестираат во откупен центар и ладилник за ресенските јаболка. Се очекува следната година ресенското јаболко да почне да стига во вториот по големина град во Обединетите Арапски Емирати. Со работа стартуваат во август, а се очекува до крајот на идната година да се извезат вкупно во двете фази 10 илјади тони јаболка. Јаболката се наменети за Дубаи, Кувајт, Катар, Саудиска Арабија, но и за Дубаи „Експо 2020“, за кој овие бизнисмени се ексклузивен набавувач. Вредноста на извозот се очекува да изнесува 6 милиони евра годишно. Инвестицијата ќе се одвива во две фази, чини 5 милиони евра, а ќе вработи над 100 луѓе. Бизнисмените од Дубаи планираат и други проекти, на пример за инвестиции во кланица за крави и овци по Халал, како и секторите недвижнини и туризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.