Скопската депонија „Дрисла“ ќе стане најмодерна на Балканот и една од најголемите во Европа, со што ќе се одвои од останатите во земјава како загадувачи на животната средина. Преку јавно- приватно партнерство со конзоцриумот ФЦЛ се предвидува „Дрисла“ да се трансформира во претпријатие кое станува дел од еколошката индустрија.
Но, и покрај напорите на градските власти депонијата да ја направат еколошки приспособена со европските стандарди, опозицијата повторно смислува лаги и сценарија и лиферува информации дека договорот со конзорциумот ФЦЛ е невалиден бидејќи Управниот суд донел одлука да се поништи договорот. Од Град Скопје повторно ги отфрлаат сите невистини велејќи дека таква судска одлука нема и дека договорот со ФЦЛ е легитимен.
ФЦЛ е италијанска компанија која на тендерот за приватно-јавно партнерство заедно настапи со уште една италијанска компанија, „Униеко“.
На тендерот се јави и уште еден конзорциум состевн од компаниите Шолц, Хил и Сплендор.
Градот го избра конзорциумот ФЦЛ, заради два бенефити кои ќе добие со избор на оваа компанија, а тоа се финансискиот бенефит и технолошкиот бенефит.
Во делот на финансискиот бенефит ФЦЛ на Градот Скопје годишно ќе му обезбеди околу 1,2 милиони евра, додека конзорциумот Шолц на Градот треба да обезбеди годишно само 170 илјади евра заштеда.
Во делот на технолошкиот аспект, ФЦЛ преку најсовремената технологија РДФ (технолошки процес за правење алтернативно гориво со слични својства на лигнитот) финалниот производ ќе го создава за околу 25 минути. Додека компанијата Шолц со својата технологија финалниот производ треба да го произведе за 25 дена што е голема разлика, велат од Дрисла.
Втора работа зошто ФЦЛ го доби тендерот е тоа што Шолц е компанија која работи само со отпад од старо железо.
Моментално ФЦЛ на Дрисила заедно со претпријатието инсталираат неколку нови постројки за селектирање на отпадот:
– Постројка за полуавтоматско селектирање на отпадот
– Постројка за создавање на РДФ – алтернативно гориво кое подоцна се користи во разни технолошки процеси- тука ќе се инветсира 22 милиони евра
– Постројка за согорување на метан од органскиот отпад. Моментално на Дрисла се наоѓа 2,6 милиони тони од кој 1,3 милиони тони е од органски отпад. Оваа построја се планира да се изгради во 2014.
– Постројка за третирање на индустриски отпад – со инвестиција од околу 10 милиони евра ќе се купат машини на почетокот на следната година за третирање на овој вид отпад.
– Постројка за третирање на градежниот шут инвестиција која ќе се реализира во 2015 година.
Она што е важно е дека сите инвестиции конзорциумот ФЦЛ заедно со градот да ги реализираат во следните 4 години. Концесијата ФЦЛ над Дрисла е за 35 години но после овој период сите постројки и машини остануваат во сопственост на Градот односно јавното претпријатие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да се избегнува движење кај Градски парк, Водно и Гази Баба – апелира Град Скопје
-
Да не беше трагично, ќе беше смешно: Град Скопје признаа дека пуштиле старо видео
-
Град Скопје четири дена ќе прска против комарци!
-
За Шилегов граѓаните кои протеситрале кај Дрисла биле „примитивци“, а советниците во град Скопје „нелуѓе“