Некогашната членка на битолската панк-рок група „Паркети“, Марија Плава ќе го има својот прв солистички концерт.
Во август годинава таа го претстави и својот самостоен деби-албум насловен „You’re Here“, кој содржи 11 песни отпеани на англиски јазик.
Концертната промоција на албумот, чиј комплетен автор е токму таа, ќе се одржи на 14 декември во поранешната сала за свадби во Центар за култура, Битола.
Почетокот е во 22 часот, а влезот е 100 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.