| четврток, 6 декември 2018 |

Чикаго му одржа лекција на шампионот

Кошаркарите на Чикаго булс синоќа одиграа одличен натпревар на кој на домашен терен го победија актуелниот шампион Мајами Хит со резултат 107-87. Од почетокот, па до последниот свиреж на судијата на натпреварот немаше никаква неизвесност. Чикаго доминираше на паркетот и цело време го одржуваше водството, а во еден момент разликата стигна и до високи 25 поени.

Карлос Бузер беше најефикасен во тимот на Чикаго со 27 постигнати поени, Луол Денг постигна 20, а Таџ Гибсон 19 поени. Додека, пак, кај поразената екипа најефикасен беше Леброн Џејмс со 21 поен.

Лос Анџелес клиперс стигнаа и до 13. победа во шампионатот откако во Мемфис ги победија Гризлис со резултат 101-81. Најизразени во тимот на Клиперс со по 15 поена беа Крис Пол, Џамал Крафорд и Дарен Колисон. Во тимот на Гризлис најефикасен беше Коста Куфис со 17 поени и 9 скока.


Њујорк никс, кој игра очајна кошарка од почетокот на шампионатот, во градското дерби го „демолира“ тимот на Бруклин нетс. Очекувано, најдобар играч во тимот на Њујорк беше Кармело Ентони со 19 поени, десет скока и шест асистенции.

Резултати:

Бруклин – Њујорк 83-113

Мемфис – Клиперс 81-101

Чикаго – Мајами 107-87

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top